Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поднесени 27 тужби до Управниот суд

0
By Нова ТВ on October 22, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вкупно 27 тужби поднеле партиите ноќеска до Управниот суд против решенијата на Државната изборна комисија (ДИК) за приговорите за првиот круг од локалните избори што се одржаа во неделата, објави МИА. Рокот за поднесување тужби истекува во 11 часот.

ВМРО-ДПМНЕ поднела 24, две поднела ТМРО и една поднела Левица.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, вчера во интервју на телевизија „Алфа“ рече дека овие избори биле најнедемократските досега.

„Имаше страшен терор, уцени, закани, заплашување и многу поткуп на гласачите од страна на актуелната власт во досега невидени размери. Сево ова се случувало и во минатото на други избори, но во вакви размери, јас не се сеќавам дека имало во Република Македонија. Практично, имавме убиен човек во изборите, кандидат за градоначалник и актуелен градоначалник со скршен череп, искршени изборни штабови. Кога се случува сето ова, можете да замислите што се си помислува обичниот човек. Ова беа африкански избори“, рече Груевски.

Судечките совети на Управниот суд по овие тужби треба да се изјаснат 48 часа од нивното поднесување. По тужбите ќе одлучуваат пет судечки совети составени од по петмина судии од Управниот суд избрани по пат на жрепка. Тужбите електронски им се распоредуваат на судиите, а одлучувањето ќе биде на јавни седници.

Управниот суд синоќа ја отфрли тужбата од Ѓорѓи Шарковски против државната администрација во Кривогаштани заради оневозможување на собирање потписи за градоначалник и членови на совет во Општина Кривогаштани. Решението го донесе Управениот суд во совет составен од тројца судии.

Во меѓувреме тече кампањата за вториот круг од изборите. Ноќеска на полноќ заврши рокот за поднесување барања за гласање на болни и изнемоштени лица.

Вториот круг од локалните избори е на 29 октомври.

локални избори 2017 тужби Управен суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.