Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Подновена Клиниката за ортопедски болести, во најсовремени услови ќе се третираат и до 70 пациенти

0
By НОВА ТВ Balaban on December 22, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 22, 2021 14:19

Потсети дека целосно се реконструирани и реновирани Одделот за онколошка ортопедија, Одделот за детска ортопедија, Одделот за пластика, Одделот за спинална хирургија , целосно е реновиран Одделот за интензивна нега каде што има осум кревети.

Во реновираните простории на  Универзитетската  Клиника за ортопедски болести која се наоѓа во најстарата зграда на Клиничкиот центар на простор од 1.300 метри квадратни во 20 болнички соби ќе има можност да се сместат и третираат 70 пациенти во најсовремени услови.

– Огромен број на експерти работат тука, огромно искуство е кулминирано тука на оваа Клиника, тоа се наши колеги познати во светот по своите интервенции, по своите публикации и тоа е уште еден аргумент, уште една работа со која што сме навистина горди, истакна министерот за здравство, Венко Филипче, при денешната посета на клиниката.

Информираше дека реновирањето чинело околу 13 милиони денари, а најголем дел од средствата се обезбедени од Клиниката, а другиот дел од донаторите.

– Со ова се заокружува еден процес којшто значи осовременување на овие капацитети за лекување освен болничкиот капацитет веќе се претходно реновирани и операционите сали што значи целокупниот процес на лекување, хируршка интервенција. Постоперативно закрепнување, делот за интензивна нега се одвива со сосема нови простории, појасни Филипче.

Директорот на клиниката, Александар Трајановски, ја нагласи грижата на Министерството за здравство која, како што рече и во време на пандемија продолжи со овозможување на услови за лекување на пациентите на клиниката за ортопедија.

– Претходнава година од кога сум јас назначен на оваа функција беше доста тешка, пред се поради целото менаџирање на ковид кризата, но и покрај ковид кризата ние не се откажавме да реновираме дел од тоа кој е витален за целото македонско здравство, тоа е ортопедија, значи делот каде што се работат најсложените процедури како што не се работат никаде во нашата држава, истакна Трајановски.

Потсети дека целосно се реконструирани и реновирани Одделот за онколошка ортопедија, Одделот за детска ортопедија, Одделот за пластика, Одделот за спинална хирургија , целосно е реновиран Одделот за интензивна нега каде што има осум кревети.

Трајановски на министерот Филипче и на компаниите донатори им додели благодарници и најави дека за наредната година се планира да се реновира делот од Ургентниот центар, крилото дел од трауматологија како и КАРИЛ.

Александар Трајановски Венко Филипче Клиника за ортопедски болести реновирани
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.