Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Архиепископот г.г. Стефан: Чекавме 55 години, ова е празник за сите христијани во Македонија

0
By Соња Крамарска on May 24, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 24, 2022 12:40

„55 години седевме и чекавме во тремот и не наоѓајќи некој да се погрижи некој за нас. Потоа ни пристапи друг човек, нашиот собрат денешниот сослужител неговата светост српскиот патријарх Порфириј и еве сега имаме и кој да ни нацрпи вода од кладенецот на Јаков и сите ќе видат колку е нашата нива плодна и дека посеаното стигна за жетва“, рече денеска поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан.

Сега, додаде тој, целосно ги гледаме сите убавини на рајот затоа што имаме со кого да ги споделиме и не тагуваме веќе како Адама туку се радуваме како апостолите на денот на педесетицата опиени од слаткиот пијалак на заедницата и братската љубов. Зашто само вака подготвени можеме со радост да го чекаме и денот на духот свети оти љубовта кога се споделува таа се премножува.

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан посочи дека и нашата осумдесетгодишна заложба за самостојна Црква никогаш немала и нема за цел да нè оддели од Телото Христово, туку да ни дозволи и ние, подобно на другите православни народи, слободно да можеме да ја извршуваме својата мисија меѓу својот народ, овде, во татковината и насекаде по светот, до каде што нѐ има.

„Овој историски период кој сите ние го минуваме е празник за сите христијани во Македонија, без разлика на национално потекло, кои се внуци на оние што сонуваа да ја видат обновена својата Охридска Архиепископија, да ја видат автокефална, или се правнуци на сите оние кои некогаш живееле обединети под едниот омофор на Охридскиот Архиепископ. Тие наши предци сега се радуваат заедно со нас, гледајќи ги нашата радост и нашето единство“, порача г.г. Стефан упатувајќи благодарност до српскиот патријарх Порфириј и до целата СПЦ, во името на архиереите од МПЦ-ОА, од верниците и од граѓаните за денешниот историски настан кон води и кон официјално признавање на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

г.г. Стефан порфириј чекавме 55 години
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.