Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поинтензивни проверки по епидемијата од морбили во соседството

0
By Нова ТВ on March 15, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Службите за имунизација во Здравствените домови да ги интензивираат активностите за проверка на евиденцијата и изнаоѓање невакцинирани или непотполно вакцинирани деца од морбили  и тие да бидат вакцинирани, а посебно да се посвети внимание на исипните трески кај пациентите и доколку се посомневаат за морбили веднаш да пријават до надлежните служби.

Ова го препорача Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство по денешната редовна работа средба, за да се спречи појава и ширење на морбилите во Република Македонијa, поради состојбата со епидемии на морбили во соседните држави, со појавата на смртни случаи, а имајќи ги во предвид честите меѓународни патувања и комуникација, како и нискиот опфат со вакцинација против морбили во државата.

Исто така се препорачува, лицата кои патуваат во земји каде има активни епидемии на мали сипаници – да го проверат својот вакцинален статус и тоа: за лицата од 12 месеци до 18 години во вакциналните служби, а за лицата на возраст од 19 до 45 години во Центрите за јавно здравје.  Доколку овие лица се невакцинирани, некомплетно вакцинирани  или немаат доказ за прележана болест  соодветно ќе се вакцинираат.

Препорака, пак, до родителите е навремено да ги вакцинираат своите деца, пред се поради заштита на нивното здравје, како и заштита на здравјето на најблиските и на пошироката заедница.

Инаку, според статитиката на Комисијата, во Република Македонија, годинава се регистрирани девет случаи со морбили, од кои само четири се епидемиолошки поврзани.

 

 

имунизација Комисија за заразни болести Морбили проверки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.