Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Полицајците што правеле контрола во „Пулс“ и прекршоците ги пишувале за другото кафуле, не признаа вина

0
By Zoran Ivanov on March 3, 2026 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 3, 2026 18:22

Во Кривичниот суд почна судењето по поднесен обвинителен предлог од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција од Одделот за гонење на полицајци кое ги товари за злоупотреба на службената положба.

Сите тројца работеле во ОВР Кочани на различни работни позиции, а се товарат за став од Кривичниот законик, за кој им се заканува затворска казна до три години, рекоа дека не се чувствуваат виновни за кривичните дела.

Тие всушност се товарат бидејќи кога правеле акциска контрола за присуство на малолетници, при изготвување на записниците за констатираните прекршоци, наместо за правното лице во чија сопственост било кабарето „Пулс“, „ММММ кафе“, пишувале прекршоци за „Класик“, кое имало блокирана сметка и за сопственикот Дејан Јованов Деко, кој не фигурирал како сопственик на „Пулс“.

Едниот од нив ги потврдил и без да ја провери документацијата ги поднел до кочанскиот суд, а судот во Кочани уште нема донесено одлука за нив.

– Во суштина проблемот е дека кога се врши акциска контрола и кога ќе констатирате прекршок по било кој член од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир има начин, односно правила по кој се составува записникот. Тие правила им се точно наведени во анкес планот освен за акциска контрола затоа и обвинителството го предлага тој анекс план како доказ во оваа постапка. Во тој анекс план точно пишува што треба да земат полициските службеници од одговорното лице, од правното лице каде што е констатиран прекршокот и врз основа на правилната документација да ги наведат сите податоци за записниците за констатирани прекршоци. Во конкретниот случај таква материјална документација не е побарана, туку како им било побарано така си запишале, при што се запишани и правно лице коешто во моментот било неактивно и одговорно лице кое не било активно на клубот пулс односно тоа што е подружница на правното лице што стои во позадина.

Дејствијата на третиот обвинет коешто се повторува во двата настани, е тоа што кога се доставуваат барањата за прекршочна постапка мора тој како одговорно лице да ги потпише. Но, самите барања не се поднесуваат голи туку истите имаат пропратна материјална документација вклучувајќи за едниот настан и тековната во централниот регистер во земјава. Тоа значи дека истиот имал увид да види дали тоа правно лице било активно или неактивно и дали тоа било одговорно лице кое што е наведено во записниците или не. Иако ја имал во прилог, третиот обвинет ги потпишал барањата и се поднесени до судот, во судот се оформени предмети и постапката за истите се уште е во тек, не е донесена одлука – изјави обвинителката која го води случајот Ивана Алексова Трајчева.

Обвинителката го прочита обвинителниот предлог, а одбраната на полицајците за следното рочиште најави сведоци. Полицајците Кире Богатинов кој бил водич на безбедносен реон вршел една акциска контрола, другиот полицаец Горан Лазарв кој бил сменоводител вршел друга акциска контрола, а Александар Темелков кој бил помошник за јавен ред и мир ги предавал барањата за прекршоци до Судот во Кочани. Детето на еден од обвинетите полицајци, било повредено во трагедијата.

Ова е прво рочиште за полицајци обвинети за поврзаност со трагедијата. Овие тројца и уште деветмина се товарат за злоупотреба на службената положба, а 13 се обвинети за директна инволвираност во трагедијата. За нив сè уште не е оценето обвинението. Во катастрофалниот пожар во кабарето „Пулс“ загинаа 63 млади луѓе, а преку 200 беа повредени.

Фото: Слободен печат.мк

полицајци пчулс Суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 21, 2026

Прес конференција на Претседателот на СДСМ Венко Филипче – да не се испушти ЕУ шансата

ВЕСТИ May 21, 2026

Европската Унија ја отвора вратата за проширувањето и оваа шанса не смее да биде пропуштена,…

Нов нон-пејпер, пет земји членки на ЕУ предлагаат „меѓучекори“ кон членство на Западен Балкан во унијата

May 21, 2026

Обвинителството чека клучни докази од МВР за наводното шпионирање во кабинетот на Давкова

May 20, 2026

Пекинг: По Трамп и Путин на два дена кај СИ

May 20, 2026
ТИКЕР

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.