Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Политичари и бизнисмени на распит во Специјалното обвинителство

0
By Нова ТВ on August 29, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

orceibeti6

Со зголемена фреквенција на луѓе започна и оваа работна недела на Специјалното јавно обвинителство. Околу 10 часот утринава, прв обвинителството го напушти најбогатиот човек во земјава, бизнисменот Орце Камчев. Toj  набрзина ги напушти СЈО, а според извори на НОВА ТВ,  се појавил во својство на сведок во предистражна постапка.

СЈО го чешла и проектот „Скопје 2014“

Нешто по 12 часот, во обвинителството влезе министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска која исказ давеше речиси четири часа.

По распитот, министерката без присуство на адвокат  во куса изјава за медиумите посочи дека се појавила како сведок и додаде дека го потврдила законското работење на министерството.

-Сакам да изразам задоволство на поканата од страна на Специјалното јавно обвинителство каде што имав можност да го потенцирам законското работење на министерството за култура. Сепак, истрагата е од таен карактер, така да јас не сум овластена да давам изјави. За се останато може да се јавите во Специјалното обвинителство, рече Канческа Милевска.

Министерката за култура се споменува во 35. „бомба“ која ја објави опозицијата, а се однесува на проектот „Скопје 2014“.

Во разговор, министерката заедно со тогашниот премиер Никола Груевски и екс министерот за транспорт Миле Јанакиески, зборуваат за менување на Правилникот за фасади, но и за тоа как да се озакони поставувањето на спомениците.

  1. Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски (се вклучува и Елизабета Канчевска Милевска)

 

НГ: Миле?

МЈ: Молам.

НГ: А бе ти ова што рече дека може да се преправи Правилникот за фасади, Бети вика дека не може.

МЈ: Зошто?

НГ: Еве она ќе ти објасни зошто.

МЈ: Бети го прифати тоа, јас не го прифатив.

Елизабета Канчевска Милевска: Миле.

МЈ: Молам.

Елизабета Канчевска Милевска: Вака сега значи. Со менување на Правилник ништо не правиме. Значи гледај сега што е работата. Одредени фасади во градот, без разлика кои, биле споменици на култура. Премиерот рекол: Вадете ги, за да не се споменици на култура, за да ние си правиме што сакаме. Конзерваторски ги извадило, во Планот влегле дека не се споменици. Сега ние бараме, и бидејќи не се споменици, дава дозвола општина Центар. Ние сега бараме ти да даваш дозвола. За ти да даваш дозвола тие треба да бидат споменици.

 МЈ: Да бе Бети, тоа го зборевме ние неќни.

Елизабета Канчевска Милевска: Е па тоа де. За да бидат споменици треба во Планот да влезат со црвено, тие сега не се во црвено. Кој ќе ни ги внесе во Планот за да ти дадеш дозвола?

МЈ: Бети кој ти рече дека мора да влезат во Планот?

ЕКМ: Како?

МЈ: Во кој закон се бара во Планот? Ако е заштитено подрачје ние издаваме, ако не е заштитено подрачје, општината издава.

Елизабета Канчевска Милевска: Ама не можеш со правилник. Што ќе ставам во правилник? Во правилник тоа не регулира. Еве го Правилникот…

МЈ: Бети во мојот закон е регулирано, ти само заштити ми ги. Не мора во ДУП да се.

Елизабета Канчевска Милевска: Мора. Провери, прашај го и овој, мора. Мора да се влезени.

МЈ: Бети, сега јас издавам одобрение, јас ќе се потпишам. Сега знам што треба, што не треба.

Елизабета Канчевска Милевска: Е па како? Како? Еве дојди на состанок да седнеме.

МЈ: Заштити ги само.

Елизабета Канчевска Милевска: Не можам да ги заштитам, мора да влезат во План. Како да ги заштитам јас?

МЈ: Ама кој ти рече дека мора да влезат во план?

Елизабета Канчевска Милевска: А бе сме ги извадиле од заштита.

МЈ: Ама добро, ставете ги во заштита.

Елизабета Канчевска Милевска: Да седнеме, да видиш дека овие кажуваат дека треба. Дај дојди утре.

МЈ: Кој бе Бети, кој? Кој кажува?

ЕКМ: И овој дечково што работеше во општина Центар, Александар…како се викаше?

МЈ: Ама што кажува Александар? Александар ти кажува за планирање.

ЕКМ: Е сега Миле дојди. Не можам јас, има и од кај мене од службите така кажуваат.

МЈ: Бети да седнеме, еве кога сакаш.

ЕКМ: Да седнеме сега. Не можам јас со тебе вака. Да седнеме и ти како што имаш служби.

Во друг разговор пак, помеѓу екс премиерот Никола Груевски и поранешната пратеничка Силвана Бонева, Груевски вели дека доколку министерката Канческа Милеска се појави на седница во Собрание, тогаш „тие губат“.

okpretsedatele

За проектот Скопје 2014, досега во СЈО сведочеше и градоначалникот на oпштина Центар Андреј Жерновски. Тој кон крајот на јули, по распитот во СЈО соопшти дека ги рпедал ревизорските извештаи, кои покажале дека реалиазцијата на проектите се одвивала на начин што остава простор за нелегуралности и злоупотреба на буџетските средства, а проектот се одвивал без јасна и видлива контрола на општината.

Проектот „Скопје 2014“, кој навидум започна скромно, со првично најавена инвестиција од 80 милиони евра, до денес достигна над 600  милиони евра, сума која не е конечна, а од првично најавените четириесетина споменици и објекти – градот доби над 130.

Денеска се очекуваше во СЈО да се појави и екс министерот за транспорт Миле Јанакиески, но се до објавувањето на овој текст тој не се појави во СЈО.

Освен за проектот Скопје 2014, Јанакиески се споменува во повеќе наврати во опозициските бомби за изборите, а СЈО веќе еднаш побара притвор за него, во рамки на предметот „ТНТ“ за незаконско рушење на објектот „Космос“, но судот го отфрли барањето на Обвинителството.

За време на распитите, дел до обвинителите во неколку наврати го напуштаа Обвинителството и повторно се враќаа. Во тек е и нивното селење во новите простории на улицата Рузвелтова.

При влегување во СЈО, специјалната обвинителка Катица Јанева кусо најави дека зголемента „фрекенција на луѓе“ ќе продолжи и неделава.

Јанева на влегување во СЈО кусо посочи дека зголемената фреквенција на луѓе че продолжи и неделава
Јанева на влегување во СЈО кусо посочи дека зголемената фреквенција на луѓе ќе продолжи и неделава

 

Елизабета Канческа Милевска Орце Камчев СЈО Скопје 2014
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

ВЕСТИ October 6, 2025

Во египетското одморалиште Шаем ел Шејк почнаа индиректните разговори помеѓу делегациите на Израел и Хамас…

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.