Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Политичарите им честитаат Курбан Бајрам на реисот Реџепи и муслиманите

0
By Нова ТВ on September 12, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По повод големиот празник Курбан Бајрам за граѓаните од муслиманска веросиповед политичарите во своите честитки порачуваат на мир и соживот.

Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов во својата честитка до поглаварот на Исламската верска заедница вели:

ivanov„Дозволете ми, Вам лично, на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите граѓани од исламска вероисповед во Република Македонија, да Ви го честитам празникот Курбан Бајрам. Муслиманите низ светот го слават „празникот на жртвата“ како ден кога благосостојбата ѝ подава рака на сиромаштијата, помагајќи и споделувајќи со семејството, пријателите и со сиромасите, нагласувајќи ги сите човечки доблести. Честитајќи Ви го празникот Вам и на сите верници од исламска вероисповед, Ви посакувам благосостојба и мир во Вашите домови и во домовите на Вашите блиски“, пишува Иванов.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во честитката за поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи и муслиманите во име на партијата и во свое име им го честита празникот, потенцирајќи дека Македонија е земја во која различностите на вери и култури се нашето најголемо богатство.

gruevski– Со векови сме развивале соживот и толеранција, и тоа е наш аманет кој треба да го оставиме за сите идни генерации да продолжат да го негуваат. Тоа се нашите основни вредности и наша традиција, односно нашиот несомнено огромен придонес кон глобалното општество кое заеднички го градиме и во кое сите живееме, вели Груевски.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во чест на големиот празник исто така упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница и до сите граѓани кои го празнуваат.

– Ви го честитам големиот празник Курбан Барјам на Вас, на членовите на Исламската верска заедница, на граѓаните од исламска вероисповед и на сите кои го празнуваат, во мое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз. Духовната сила што ја носи овој голем празник нека биде силен поттик за секого, посилен од секогаш, да застане зад вредностите што го отвораат патот кон мирен, безбеден, среќен, достоинствен живот. Тоа е сочувството, тоа е љубовта, тоа е мудроста, тоа е трпението, тоа се меѓусебното разбирање и толеранцијата, пишува во својата честитка Заев.

zaevКурбан Бајрам започна со утринската молитва сабах-намаз, а потоа и со молитвата бајрам-намаз, а трае три дена во кои почитта кон Алах, муслиманите ја искажуваат со колење на курбан.

Курбан Бајрам се одбележува 70 дена по првиот Бајрам во годината, Фитр-бајрам, а го означува денот кога е комплетиран светиот Куран.

Ѓорѓе Иванов Зоран Заев Курбан Бајрам Никола Груевски Сулејман Реџепи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.