Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Политичката партија Левица згрозена од повикот за веселба на премиерот по расправата за Кочани

0
By Zoran Ivanov on December 10, 2025 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 10, 2025 12:00

Левица реагира на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски по вчерашната расправа за Кочани во Анкетната комисија кој бараше од новинарите да зборуваат за убави работи.

Во неверување сме од крајно несоодветната и нечувствителна изјава на премиерот Мицкоски дадена по излегувањето од седницата на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот – седница на која зборуваа родителите на трагично загинатите деца од Кочани. Наместо емпатија, обврска и чувство на одговорност, Мицкоски порача дека треба да се веселиме и да зборуваме за убави работи.

Всушност, побара, македонскиот народ на којшто пред само неколку месеци му се случи ужасна трагедија од светски размери, македонскиот народ кој сѐ потешко живее – да се однесува шизофрено, делузионално, како што тоа го прави власта на чело со ДПМНЕ.

Мицкоски побара од народот во земја завиена во црно, да ги игнорира секојдневните скандали, стравови и опасности по безбедноста и животот… и тоа веднаш по солзите на мајките, нивните траорни сведоштва и барања. Наместо да покаже државничка зрелост, на утажените родители и на македонскиот народ да му влее надеж, да го утеши со слух и подигне со акција за вистинска промена на системот – тој порача дека наместо да се создава темнина, треба да се зборува дека пред три дена во Скопје во 14 часот имало почист воздух од Виена.

Родителите ги разобличија лагите коишто владата на ДПМНЕ ги пласираше во јавноста по кобната ноќ во Кочани, за наводна еднократна финансиска помош – тие потврдија дека немаат добиено ништо од Владата. На ова, Мицкоски наместо да се засрами и веднаш да иницира ваква помош, фактички одговори дека и понатаму нема намера да пружи финансиска помош и поддршка.

На барањето за законски измени, тој ноншалантно, незаинтересирано и ладно одговори дека не добил барање во владата и дека тоа може да си го направат пратениците доколку сакаат.

Накратко, Мицкоски не се воздржуваше да прикрие дека на седницата дошол безволно, по притисок на јавноста откако одгатна дека неприсуството ќе го чинеше многу (иако ден пред седницата за медиумите изјави дека нема да присуствува). Па, така, тој арогантно изјави дека не чул ништо ново, всушност, дека само изгубил време. Не криеше дека присуствувал само поради удобноста на неговата фотелја, а не за да се исполни целта на оваа Комисија, да се преземат мерки, да се иницираат законски измени и системски промени, да отвори очи, да развие емпатија и преземе мерки.

Минимумот којшто требаше да го направи премиерот кој неодамна вети дека ќе си даде оставка доколку се утврди каква било поврзаност на ДПМНЕ со агенцијата за оаезбедување (за што подоцна се утврди силна поврзаност), беше да изјави дека ќе постапи по барањата на родителите и да го разреши барем обвинетиот министер, Шабан Салиу, кој во судот се појавува со службено возило. За жал, македонската јавност не беше сведок на апсолутно ништо вакво.

Колку и да се обидува да ја релативизира и заташка трагедијата, Мицкоски не може да избега од фактот дека секоја негова ароганција и неодговорност ја продлабочува недовербата, кога народот ќе ја изгуби довербата – насилниот оптимизам нема да ја врати, стои во реакцијата на Левица.

левиа Мицкоски реакција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.