Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Политики за поттикнување на употреба на автогас

0
By Нова ТВ on May 22, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 22, 2020 13:00

Властите имаат повеќе механизми за промоција на алтернативни видови на горива. Фискални и финансиски механизми подразбираат помали даноци за алтернативни горива, фискални олеснувања при регистрација за возила на алтернативен погон, субвенции за набавка или конвертирање на алтернативни возила, поевтин паркинг и други давачки за патишта и инфраструктура, се вели во соопштението на „Макпетрол“.

Од компанијата укажуваат и на други регулаторни механизми кои, исто така, им се на располагање се задолжителни квоти при набавка на јавни и приватни флоти за компании и претпријатија, отстапки при забраните за движење во градски средини за возилата на алтернативен погон, како и постабилна и долгорочна регулаторна политика за инвестирање во развој и инфраструктура за алтернативни горива.

Други механизми се самите власти да користат повеќе возила на алтернативен погон, кампањи за подигање на свеста на граѓаните за алтернативните горива и директни субвенции за развој и инвестирање во инфраструктура за алтернативни горива и возила, нагласуваат од нафтениот гигант.

Според извештајот на ТНГ Европа – „Политики за поттикнување ТНГ“ од септември 2019 година во пракса, финансиската привлеченост на автогасот во споредба со другите горива зависи од два фактора, трошокот за конвертирање на постоечко возило на ТНГ или купување на ново возило со вграден ТНГ уред во споредба со исто такво возило на бензин или плин и цените на автогасот на бензинските станици споредено со цената на останатите горива. Ова се два важни индикатори од кои зависи за колку време се враќа инвестицијата во плински уред за возилото, велат од „Макпетрол“.

Побрзо враќање на инвестицијата ќе го зголеми користењето на автогас. Државите тоа може да го направата со намалување на данокот на автогасот во споредба со останатите горива. Во просек давачките за литар ТНГ се за 50 проценти помали од давачките за литар бензин. Автогасот е целосно ослободен од акцизи и други давачки во Русија, Кина, Индија и Мексико.

Друга форма на поддршка е давање субвенции за инсталирање на автогас уред. Компетитивноста на автогасот се одредува според потребните извозени километри за да се врати инвестицијата споредено со истата километража доколку се користел бензин или дизел.

Според истражувањето на ТНГ Европа во 2018 година во Бугарија возило конвертирано на автогас ја враќа инвестицијата по само 13.000 километри, додека во Грција по 16.000 километри, а во Полска по изминати околу 17.000 километри. Кај нас тоа се движи од 13.000 километри кај постарите модели, до 20.000 кај посовремените модели на возила, посочуваат од компанијата.

Според извештајот на ТНГ Европа, автогасот моментно има удел од 1,1 процент во вкупната потрошувачка на гориво за патен транспорт. Во Бугарија и Полска автоплинот учествува со 10 проценти во вкупната потрошувачка на горива за патен транспорт. Данокот по литар гориво генерално е помал за автогас во однос на бензинот и дизелот, но е многу различен од земја до земја.

Автогасот во Кина, Индија, Мексико и Русија е целосно ослободен од данок, додека Тајланд и го субвенционира. Односот на данокот на автогас со данокот на бензин во САД е 73 проценти. Според извештајот на ТНГ Европа – „Политики за поттикнување ТНГ“ од септември 2019 година доколку државите ги оданочуваат горивата согласно нивната енергетска вредност, тогаш данокот на ТНГ треба да биде помал од тој на дизелот и бензинот поради помалата енергетска вредност, па така данокот на ТНГ би требало да биде за 20 проценти помал од тој на бензинот и за 38 проценти на тој на литар дизел, стои во дописот на „Макпетрол“.

Автогас возила Макпетрол ТНГ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.