Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Полиција и кавги поради уривање објект во Карпош за градење зграда

0
By Нова ТВ on September 14, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 14, 2016 14:24

Багерите на општина Карпош утрово тргнаа да го уриваат објектот позади пазарчето Тафталиџе, каде претходно се наоѓаше маркетот „Гранап“.

Репортерката на НОВА на лице место забележа полиција и граѓани кои се расправаа со надлежните од општината и не дозволуваа да се урне објектот.

Според Наташа Симонова од фирмата „Галаб“, објектот е нивен и за него се води постапка пред Управен суд како и постапка за денационализација на земјиштето.

„Дојдоа сабајле од општина Карпош да го рушат објектот, бесправно се руши, се води постапка за денационализација, тие се запознаени, но не знам со која дозвола доаѓаат да рушат. Претпоставувам ќе градат станбена зграда, објектот не е законски и не е уште легализиран , не знам како воопшто добија одобрение за градба и да градат“, вели Симонова.

Тие бараат да се сопре уривањето на објектот се додека не завршат судските постапки, бидејќи сметаат дека земјиштето на кое се гради им припаѓа на нив.

Од општина Карпош за НОВА велат дека градежниот инспектор на општината пред три месеци донел решение за отстранување на деловниот објект на улица Лондонска.

Според нив, корисниците на објектот добиле пресуда на Вишиот Управен суд дека бесправниот времен објект не може да се легализира и дека треба да се отстрани.

Во меѓувреме фирмата “Гранап“ поднела жалба против решението на градежниот инспектор, но од општина Карпош велат дека според Законот за градење, жалбата не го одложува извршувањето, односно уривањето на објектот.

Извршувањето започнало денеска кога од страна на извршителот – „СОЛАС ЕКС-ИМ ДООЕЛ Скопје“ е поставена механизација за отстранување на објектот.

„Лицата кои се спротиставуваа на извршувањето им доставија на полициските службеници жалба против Заклучокот за дозвола на извршување како доказ за одложување на извршувањето. Од страна на инспекциските служби е објаснето дека жалбата не го одложува извршувањето на Решението и дека самото Решение е извршно согласно гореспоменатите членови од Законот за градење, но не наидоа на разбирање од страна на полициските службеници и беа тргнати од местото на извршување со што беше оневозожено понатамошно спроведување на извршувањето. Исто така, не наидовме на разбирање од страна на полициските службеници во однос на тоа дека тие се присутни само заради заштита и дека немаат право да го попречуваат извршувањето односно да забранат пристап до објектот туку само да реагираат во случај на загорозување на јавен ред и мир“, велат од Општина Карпош за НОВА.

Од општината информираат дека на местото е предвидена изградба на станбено деловен објект.

 

 

карпош Стевчо Јакимовски Тафталиџе
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.