Министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ, ги повика граѓаните на Србија пред утрешната Парада на гордоста да се воздржат од насилство.
Тој повтори дека полицијата е подготвена да го зашитити редот и мирот и да реагира како денес, кога уапси 44 хулигани веднаш по нападот на полицијата и навивачи на Црвена Звезда.
„Апелирам до граѓаните да се воздржат од насилство, да не помислат дека со уривање и палење на градот ќе постигнат некаков ефект“, порача министерот на РТС и додаде дека сепак не очекува никакви проблеми за време на утрешната Парада на гордоста.
Стефановиќ рече дека утре ќе бидат ангажирани доволен број на полицајци со цел да се осигура ред и мир на белградските улици.
„Нема да дозволиме напад на полицијата, ќе бидеме будни“, изјави Стефановиќ.
Министерот најостро ги осуди денешните инциденти во очи на фудбалското дерби Партизан-Црвена Звезда, во кои беа повредени неколку полицајци и додаде дека од судот ќе бара да ги казни хулиганите и да покаже дека не е вистина тоа што се зборува „дека се апсат претпладне, а се ослободуваат попладне“.