Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Половина болни од леукемија ќе добијат лек, останатите на немилост

0
By Менче Атанасова Точи on September 22, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија е на дното од земјите кои немаат лекови за болните од леукемија и зад најсиромашните земји во Африка, тврдат од меѓународната асоцијација која се грижи за едукација на овие пациенти. Драган Смугрески, 57-годишен, кој боледува од хронична миелоична леукемија  останал без двете нозе бидејќи државата не му обезбедила лек од втора линија за оваа болест. Со солзи во очите зборува како заради ова му се влошила здравствената состојба поради што му биле ампутирани двете нозе.

„Примам цитостатик, застарен лек поради што се зголемија тромбоцитите и минатата година ми беа ампутирани двете нозе поради гангрена“, изјави Драган Смугрески, пациент со ХМЛ.

Тој е еден од 40 пациенти на кој не им делува лекот кој се наоѓа на позитивната листа и чекаат државата да им обезбеди лек од втора, а некои од нив и од трета линија. Пред три месеци, откако НОВА обелодени дека пациенти умираат чекајќи на неопходниот лек, министерот за здравство Таравари вети дека 20 од нив ќе ја добијат потребната терапија. Останатите 20 тешко болни кои не се најдоа во изборот, се оставени на милост и немилост без потребната терапија. Но, процедурата за набавка на лековите заглави во Агенцијата за лекови, се до вчера кога поради медиумскиот притисок е отстранета грешката.

„Седнавме се договоривме и отстранета е пречката со документот за технички дијалог кој претходи на процедурата на секоја јавна набавка, така што тендерот ќе биде распишан и што е најважно локалните избори нема да бидат пречка да се реализира набавката“, изјави  Пепо Леви, претседател на Здружението на пациенти со ХМЛ.

И од Агенцијата за лекови потврдија дека се усогласиле и се обезбедени финансиски средства  за лекување 20 пациенти.

„Преходната директорка не ме извести за оваа одлука, но веднаш откако реагиравте како медиум му се јавив на Пепо Леви и ја надминавме пречката“, изјави Роберт Бекироски директор на Агенцијата за лекови.

Од меѓународната асоцијација CML „Advocates Network“ (Мрежа на адвокати) од Швајцарија го прашаа директорот на Агенцијата за лекови зошто во Македонија се уште се умира од оваа болест, на што тој одговори дека како ново назначен ќе се труди да обезбеди лекови.

„Македонија е на дното, последна земја за која нема лекови од втора, трета, петта линија во лекувањето како што ги има секаде во свет. Тука сме да помогнеме да не ни умираат луѓе“, изјави Лидија Пецова, по потекло од Македонија која работи во CML „ Advocates Network“(Мрежа на адвокати) од Швајцарија.

За дел од пациентите на кои не им делува ниту лекот од втората линија, ништо ниту е ветено, ниту е договорено.Овие луѓе заедно со останатите за кои нема да биде обезбеден лекот се осудени да тивко да умираат бидејќи месечната терапија чини 3 500 евра, а тие не можат да ја купат.

леукемија Македонија цитостатик
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.