Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Полска ја обвини Белорусија дека ги користи бегалците како жив штит

0
By Biljana on August 19, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 19, 2021 17:12

Полска не се согласува режимот на белорускиот претседател Александар Лукашенко на тој начин „да и држи пиштол во чело“.

Полскиот премиер Матеуш Моравиецки изјави денеска дека неговата земја е подготвена да дозволи влез на некои од околу 30-те бегалци од Авганистан, кои со денови се блокирани без храна и вода на ничија земја меѓу Полска и Белорусија.

„Некои луѓе би можеле да бидат пуштени во Полска, но важна е веродостојната идентификација. Ние имаме должност да ја браниме нашата граница. Замислете таа да не е непропустлива. Пиштолот кој г -дин Лукашенко ни го држи впрен на нашите чела, би можел тогаш да пукне, односно, преку границата би можеле да влезат многу мигранти, бегалци, луѓе со кои сочувствувам, но кои се алатка во неговите раце“, истакна Моравиецки.

Бегалците, кои кампуваат во ничија земја на преминот Уснаж Гони, се спречени од полската гранична стража да влезат во таа земја, а Белорусија не им дозволува да се вратат и евентуално да побараат азил.

Моравиецки, исто така, рече дека Полска никогаш нема да се согласи Белорусија да префрли бегалци од Авганистан и Блискиот Исток, иако тие можат да побараат азил во Белорусија, бидејќи таа е регистрирана како безбедна земја.

На полско-белоруската граница се блокирани 32 бегалци од Авганистан, меѓу кои жени, 15-годишно девојче и болни луѓе. Тие 11 дена се наоѓаат на ничија земја, а патувале 25 дена, соопштија претставници на полската фондација Спас.

Фондацијата успеа на групата да и достави храна, предмети за лична хигиена и шатори, а од нив презеде полномошно за адвокати, кои во нивно име ќе поднесат барање за азил во Полска. Според наводите на фондацијата, полската гранична стража не им дозволува на бегалците да аплицираат за азил.

Шефот на бирото за надворешна политика во кабинетот на полскиот претседател Анджеј Дуда денеска во Литванија разговара за проблемот со зголемениот прилив на бегалци, за што Вилнус ја обвинува Белорусија.

„Ова не е прашање дали можеме да ги пуштиме или не. Тоа е прашање дека друга земја, режим, ги користи луѓето како жив штит. Не смееме да го дозволиме тоа. И јас зборувам за тоа денес во Литванија“, изјави Јакуб Кумох.

Кога Литванија воведе вонредна состојба на границата со Белорусија, бегалците почнаа да пристигнуваат на границите на Белорусија со Летонија и Полска.

бегалци мигранти Белорусија Полска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
June 1, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

ВЕСТИ June 1, 2026

Преговарачкиот тим на Иран ја суспендира размената на пораки со САД преку посредници поради израелските…

Дуња Иванова обезбеди виза за директен настап на светското првенство во МТБ маратон

June 1, 2026

Израелската војска го зазеде стратешкиот замок Бофор во Либан

May 31, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

May 28, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.