Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Полска му забрани на Сергеј Лавров да учествува на Министерскиот совет на ОБСЕ поради војната во Украина

0
By Соња Крамарска on December 1, 2022 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На 1 и 2 декември полскиот град Лоѓ е домаќин на Министерскиот совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).

Годишниот состанок на министрите за надворешни работи на 57-те земји-членки на ОБСЕ e на покана на претседавачот на ОБСЕ, полскиот министер за надворешни работи Збигњев Рау.

Забележително беше отсуството на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој сакаше да се приклучи на состанокот, но од Полска, актуелниот претседавач со ОБСЕ, му беше забранет влез во земјата.

Полскиот претседавач, министерот за надворешни работи Збигњев Рау, рече дека има одговорност да ги брани „фундаменталните принципи“ на ОБСЕ и тврдеше дека не Полска, туку Русија ја издлаби организацијата блокирајќи голем дел од нејзината работа. Тој ја обвини Русија за ширење дезинформации против Полска, пренесува Clickondetroit.

„Би рекол дека е срамота да се слушне како Русија го обвинува претседавањето за туркање на ОБСЕ во бездна, уништување на нејзините основи и кршење на процедуралните правила“, рече Рау.

За време на воведната сесија на Министерскиот совет , министерот Рау подвлече дека наспроти руската агресија врз Украина, раководството на ОБСЕ , поддржано од огромното мнозинство земји-учеснички, одговори на предизвикот на одговорен и внимателен начин.

Министерскиот совет е централното тело за одлучување и управување на ОБСЕ. Годишниот состанок е можност министрите за надворешни работи да ја разгледаат и оценат безбедносната состојба во евроатлантската и евроазиската област, како и работата на организацијата во сите нејзини полиња на делување.

 

ОБСЕ Полска Сергеј Лавров
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.