Варшава: Полските власти поднесоа обвинение против Павел К., кој наводно планирал да им помогне на руските разузнавачки служби во подготовката на обид за атентат врз претседателот на Украина Володимир Зеленски, соопштија денес тамошнитѕе обвинители.
Павел К. беше уапсен во април 2024 година по соработката на полските и украинските обвинители и се соочува со затворска казна до осум години.
Според обвинителите, тој изразил подготвеност да дејствува за воената разузнавачка служба на Руската Федерација и воспоставил контакти со Руси кои биле директно вклучени во војната во Украина.