Кабинетот на полскиот претседател, Анджеј Дуда соопшти дека парламентарните избори во земјата ќе се одржат на 13 октомври. Повеќето анкети укажуваат дека владејачката Партија на законот и правдата, ќе победи, благодарение на социјалните придонеси и силниот економски развој. Од преземање на власта, партијата е во судир со ЕУ во врска со судските реформи, како и за миграциската и еколошката политика.
„Претседателот штотуку потпиша одлука за одржување на избори на 13 октомври“, изјави портпаролот на полскиот претседател.
Најновата анкета на ИБРИС минатата недела покажа дека владејачката партија ќе освои 41,7 проценти од гласовите, додека водечката опозициска група „Граѓанска коалиција“ ќе добие 25 проценти.