Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Полските Малдиви“ и езерата со тиркизна вода

0
By Marija Todorovska on May 16, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 16, 2024 11:12

Љубителите на туризмот кои ја посетиле Полска сѐ почесто ги препорачуваат „Полските Малдиви“… Се работи за природниот парк „Гродек“ на југот од земјата, со две езера полни со вода во тиркизна боја, и дрвен мост – поради сѐ тоа, местото изгледа како тропски рај.

Паркот се наоѓа близу градот Јавожно и во близина на Катовице, недалеку од јужната граница со Чешка и Словачка. Тука некогаш се наоѓал каменолом, а токму на тоа и двете тиркизни езера ја должат својата, според многумина – неодолива боја. Каменоломот работел повеќе од сто години, а бил затворен во 1990-тите. И покрај неговото постиндустриско потекло, паркот е богат со различни животински видови, ливади, мочуришта, шуми, а пејзажот можe да се следи од неколку патеки-шеталишта. Тиркизните езера коишто некогаш биле резервоари за вода за потребите на каменоломот, се нарекуваат Видра и Орка. Тие се главен хит меѓу посетителите.

Езерото Видра, со своето „дрвено“ шеталиште е веројатно најфотографираниот дел од паркот… Барем во потоплите делови од годината, кога Сонцето ја истакнува неговата тиркизна боја. Како што се истакнува, ова езеро не е „толку егзотично“ зиме и кога времето е облачно.

Орка, пак, е длабоко 18,5 метри и до него нема пристапи освен во костим за нуркање. Како езеро за каменолом, тука на дното сè уште има потонат брод и – два багери.

Меѓу недотатоците што посетителите ги наведуваат на интернет, е тоа што нема „понуди за освежување“, освен можеби само сладоледот што може да се купи на паркингот во екот на сезоната. До паркот „Гродек“ можете да се стигне со воз или автомобил.

Видра Езеро Малдиви ОРКА парк Гродек Полска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.