Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Помалите партии со барање за рамноправен пристап на изборите

0
By Нова ТВ on June 18, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кодексот за фер и демократски избори во пресрет на претстојните парламентарни избори, покрај членови на големите политички субјекти, денеска го потпишаа и претставници на помалите партии и коалиции. Тие побараа дел од парите за политички партии што стојат на располагање на оние што освоиле најмногу гласови на последните избори, а од медиумите побараа порамноправно претставување.

Адвокатот Александар Тортевски од новата партија „Твоја“, која што најави настап само на социјалните медиуми, рече дека партиите треба да ги вратат парите.

„Денеска потпишавме Кодекс за фер и демократски избори, но самиот факт што изборите се закажани само со договор меѓу двајца лидери на политички партии зборува за тоа колку целокупната атмосфера е во согласност со Уставот и законите. Во ред, ова е вонредна ситуација, но упатуваме два апела. Првиот е сите надлежни органи, особено ДИК да водат сметка со бројките околу пандемијата, колку тие ќе придонесат за чувство на сигурност кај граѓаните. Вториот апел е дека сè уште има време да дојдеме до некои рамноправни услови преку тоа што партиите ќе ги вратат, односно нема да ги добиваат оние четири и пол милиони евра кои ги добиваат од државата. Сметаме дека во услови кога Министерството за финансии моли за донации за Фондот за борба против Ковид, некоректно е партиите за предизборни цели да потпрошат вкупно 7,5 милиони евра“, рече Тортевски.

Солза Грчева од „Глас за Македонија“ по потпишувањето на Кодексот рече дека е лута што во услови на жесгтока пандемија се отвора изборен процес. Смета дека сме на прагот на најнефер и најнедемократските избори во земјата.

Геге Демировски, претседател на Народната партија на Ромите и кандидат во ИЕ 2, истакна дека ова е првпат во историјата на земјата ромска партија да се натпреварува на изборите со свој кандидат.

„Почитувани мои Роми, потпишавме да бидат изборите фер и демократски и ве очекувам сите Роми, да не гласаме како што гласавме, да одиме аргати за други партии“, рече Демировски барајќи поддршка за својата кандидатура од гласачите.

Јована Мојсоска од „Левица“ рече дека изборите ќе се одржат во специфичен контекст и дека треба да се внимава на здравјето на граѓаните.

„Институциите да ги преземат сите мерки за заштита. Граѓаните ќе го контролираат и ќе реагираат на секој пропуст“, рече Мојсоска.

Претседателот на партијата „Демократи“ реагираше за поделбата на средствата за партиите како и за минутажата за претставување на партиите, посочувајќи дека тие како мала партија не се рамноправни во овој процес. Загрижувачки и за него е што изборите ќе се одржуваат во услови кога има голем број заболени.

избори Коалиции Кодекс партии потпишување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.