Врховниот суд на Кенија го поништи реизборот на претседателот Ухуру Кенијатa и наложи одржување нови избори во рок од 60 дена.

Како причина за поништувањето, Судот ги наведе неправилностите утврдени на изборите кои се одржаа минатиот месец, а кои „не биле согласно Уставот”, како што нагласи судијата Давид Марага, пресудувајќи во корист на опозицијата.

„Не се согласувам и тврдам дека милиони Кенијци излегоа на избори и го направија својот избор, а шест луѓе седнаа и одлучија да одат против волјата на народот. Повикувам на смиреност, вашиот сосед се уште останува ваш сосед без разлика како гласал или која политичка опција ја преферира, религијата во која верува или од кое племе доаѓа“, изјави Кенијата по одлуката на Врховниот суд.