Реформските процеси, евро-атланските перспективи на Република Македонија и внатрешната состојба биле само дел од темите на средбата помеѓу министерот за надворешни работи Никола Попоски и британскиот министер за Европа и Америка, Сер Алан Данкан, соопшти МНР. Министрите разговарале и за билатералните односи, како и за неодамнешниот ЕУ референдум во Обединетото Кралство и натамошните чекори на британската Влада за излез од Европската Унија.
„Очекуваме идното позиционирање на Велика Британија да остане поволно во однос на Македонија и регионот, особено во делот на економската размена и поддршката во евроатланските интеграции“, изјавил на средбата Попоски.
Тема на средбата била и членството на Македонија во НАТО како стратешка определба.