Министерот за култура, Роберт Алоѓозовски, денеска најави дека се бара нова локација за Државниот архив поради постојаните поплави во Археолошкиот музеј кој се поплавува со секој дожд.

„За жал ова е уште еден доказ за нестручно изведен објект. Заедно со Владата размислуваме за нова локација за Државниот архив. Бараме нова зграда оти во овој објект на Археолошкиот музеј при секој дожд се соочуваме со прокиснување и се загрозува архивската граѓа. Комплетно ќе се преселат и вработените кои сега работат во несоодветни услови и целокупната документација која ја поседува Архивот. Се уште немаме одлука каде ќе се сели Архивот оти убаво треба да ги разгледаме сите опции не би сакале да имаме домино ефект, да решиме еден проблем, а да создадеме нов“, рече денеска Алаѓозовски.

Архивот беше преселен пред две години во зградата од проектот Скопје 2014 која чини 42 милиони евра, а која се наоѓа на кејот на Вардар.