Поради врнежи од снег, вечерва од 20:30 часот е воведена забрана за движење на тешки моторни возила на планинскиот превој Ѓавато.

Од АМСМ информираат дека поради превртено возило, денеска од 16 часот во прекин е сообраќајот за тешки моторни возила на патниот правец Штип – Миладиновци.

Забрана за сообраќај за тешки моторни возила има и на кракот Маврово – Дебар.