„Животот мора да ја добие војната. Вредностите мора да ја победат војната. Европа мора да ја добие војната. И ние ќе победиме.“
Ова е пораката на претседателот на Украина Володимир Зеленски кој со негов избор на фотографии и денеска ги сподели со светот страдањата на неговите сограѓани Украинци во војната што ја поведе Русија против нивната држава.