Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Порака од Борис Џонсон: Светот да покаже зрелост за климатските промени

0
By Sashko on September 23, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Британскиот премиер Борис Џонсон за време на годишното обраќање во Обединетите Нации, ги повика светските лидери да ја искористат својата моќ и да се справат со климатските промени и нагласи дека е време човештвото да покаже зрелост и одговорност за ова прашање.

Во пресрет на важната климатска конференција во Глазгов, која почнува на 31 октомври, Џонсон пред Генералното собрание на ОН рече дека светските лидери имаат огромна моќ да ги променат работите на подобро и да ја спасат планетата од катастрофалните последици од климатските промени.

Мораме да покажеме дека сме способни да учиме и созреваме и конечно да ја преземеме одговорноста за уништувањето што го нанесуваме, не само на нашата планета, туку и на самите нас. Време е човештвото да порасне, рече Џонсон.

Тој го пофали ветувањето на Кина до ОН дека нема да почнува нови проекти за енергија на јаглен во странство и американската посветеност да ги удвои средствата до 2024 година на 11,4 милијарди долари годишно за да им помогне на земјите во развој да се справат со климатските промени.

Џонсон нагласи дека ова не треба да биде крај на активноста и оти е потребно да се работи многу повеќе и многу побрзо. Тој го заврши обраќањето со шега и рече дека популарната жаба Кермит, лик од ТВ-шоуто „Мапет шоу“, згрешила кога ја пеел „Не е лесно да се биде зелен“.

– Тој погреши. Лесно е да се биде зелен, заклучи британскиот премиер.

апел Борис Џонсон климатски промени Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.