НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пораки од Скопје на годишнината на руската инвазија: Украинците не ја бранат само својата територија туку и целиот демократски свет

0
By Соња Крамарска on February 24, 2023 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од денешната конференција насловена како „Украина – година на хероизмот“ беа испратени пораки за поддршка до народот во оваа држава, и уште еднаш беше потенцирана осудата на чинот од Москва која со инвазијата над Украина изврши преседан во меѓународното прави и ги загрози поредокот и безбедноста не само на регионот туку и на европскиот континент и на светот.

Во името на организаторот, невладината Цивил, нејзиниот претседател Џабир Дерала поздравувајќи ги присутните оцени дека Кремљ руската инвазија ја имаше замислено како неколкудневна „прошетка“  за Украина да падне под руска чизма, но тоа не се случило.

„Путин својата војна ја нарече специјална воена операција за денацификација и ослободување на Украина и заштита на Русите од геноцид. Но со својот ракетен терор уништи и сѐ уште уништува цивилни домови и инфраструктура, срамни со земјата цели градови, а неговата садистичка солдатеска ограбува, измачува, силува и убива мажи, жени, деца и возрасни луѓе. Меѓу нив има и Руси“, рече тој.

„Тоа требаше да биде неколкудневна ‘прошетка’ по која цела Украина требаше да падне под руска чизма. Но Украина стои. Демократијата стои. Борбата за слобода продолжува. По цена на неизмерни жртви“, порача Дерала.

Претседателот Стево Пендаровски истакна, пак, дека храброста на Украинците, како што рече, е потврда дека оружјето на агресорот не е посилно од вербата во слобода.

„Паметам дека во февруари минатата година, во предвечерието на агресијата, на Минхенска безбедносна конференција, најоптимистичките прогнози беа дека во случај на напад, Украина нема да може да издржи повеќе од две недели. Но, Украина издржа, решена по секоја цена да ја сочува својата независност. Украина, која изминатите месеци ја плати борбата за демократија со илјадици човечки животи, покажа дека дефинитивниот избор на секој народ се демократијата и слободата, а не тиранијата и насилството“, рече тој.

Шефот на државата оцени и дека Русија ги прекрши сите меѓународни правни акти.

„Сликите и сведоштвата од Буча, Ирпињ, Мариупол, Херсон, Харков и другите украински градови и села говорат за отсуство на базичното чувство за хуманост на руската воена машинерија, но, сведочат и за тоа до што може да доведе една анахрона и автократска политика кога за архитектите на оваа војна ниту илјадниците мртви на нивна страна не се доволна причина за запирање на спиралата на безумие“, порача тој и додаде дека Украина е морален победник во овој конфликт бидејќи успеа зад својата кауза да го обедини демократскиот свет кој покажа невидена солидарност и поддршка.

Претседателот на парламентот Талат Џафери, обраќајќи се на конференцијата, потенцираше деканиту еден конфликт, ниту една одбрана немала подобро организирана воена, морална и секаква друга поддршка, дури и вербална, глобално, како што е сега во Украина.

„При тоа, покрај ангажираната воена помош со технолошки напредна софистицирана опрема, мислам и на посетите на исклучително високите и влијателни државници кои ја посетија Украина, реализираа средби со украинскиот претседател Зеленски, со претседателот на Врховната Рада Стефанчук и други раководни структури“, истакна Џафери.

„Јас сум прв претседател на Собрание од регионот кој што отиде во Украина, за лично и институционално да ја изразам поддршката за украинскиот народ и институции. Со оглед на моето воено минато, човек би рекол дека ништо не може да ме изненади. Меѓутоа, не е така! Човек никогаш не може да биде доволно подготвен за суровоста на другиот човек“, рече тој.

Шефот на парламентот потсети дека во март 2022 година Собранието на Северна Македонија ја усвои „Декларацијата за осуда на воените напади кои го загрозуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Украина“.

Џафери се осврна и на изјавата на  Путин дека наводно, Русија само се бранела и дека Русија сакала да постигне договор по мирен пат но, Западот не го дозволува тоа со тоа што и дава поддршка на Украина.

„Да не дозволиме да се претвори сè во пепел, премногу сме вложиле и сме жртвувале, ние, нашите предци, нивните предци. Злото многу брзо може да затропа на сечија врата, затоа што на овој или на оној начин, ефектот се рефлектира на сиот свет, без разлика“, порача Џафери на крајот од обраќањето.

Амбасадорката Лариса Дир се заблагодари за поддршката на Украина и заклучи дека бруталната руска агресија,го промени светскиот поредок.

„Во четири часот наутро на 24 февруари, 2022 година, светот се промени не само за Украинците – туку се промени воопшто и светскиот поредок. За Украинците, светскиот поредок се промени во најбруталниот можен начин – со руски ракети и ирански дронови, воени злосторства и злосторства против човештвото кои ги вршеа и сé уште ги вршат руските окупатори“, рече таа.

„Безбедносната архитектура во Европа почна значително да се менува од февруари 2014, кога Руската федерација привремене ја окупираше Автономна Република Крим и некои делови од регионите Доњецк и Луганск во Украина. Меѓународната реакција, вклучувајќи ја и реакцијата на меѓународните организации, за противзаконската и незаконската политика на Русија требаше да биде поодлучна“, порача Дир.

„Компонентата што Руската федерација, како терористичка земја, не ја зеде во предвид е украинскиот отпор, што има историја на многу генерации. Храброста на украинските војници денес е феномен. Имаме помала војска и помалку оружје. Украинските бранители ја имаат силата на духот што принуди многумина во светот да ги преиспитаат заедничките вредности во целина“, истакна украинската амбасадорка и додаде дека храброста на Украинците „сега мора да биде поддржана со тенкови, оружје со долг дострел и борбени авиони“, затоа што „Украинците го даваат својот живот не само бранејќи ја својата суверена територија, Украинците ги бранат вредностите според кои демократскиот цивилизиран свет живее“.

„Блокираните и замрзнати средства на Русија и санкционираните руски граѓани мора да станат главниот извор на финансирање на компензациите за Украина и за украинските граѓани. Благодарни сме на оние земји членки на ОН кои ја поддржаа резолуцијата на ОН за продолжување на правниот лек и репарацијата за агресијата врз Украина. На 17 февруари, 2023 година, Владата на Кралството Холандија одлучи да го постави во Хаг Меѓународниот регистар на загуби и штети предизвикани на Украина како резултат на руската агресија“, кажа Дир во своето обраќање.

Конференцијата ја организираа Цивил и украинската амбасада во Северна Македонија.

годишнина од руската инвазија над Украина конференција Украинска амбасада Цивил Џабир Дерала
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.