Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Инфлацијата не се победува со популизам туку со структурни реформи и строга буџетска политика

0
By Zoran Ivanov on August 26, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 26, 2025 19:26

Според економистите, инфлацијата не се „зауздува„ со административни мерки. Дел од аналитичарите во најавата на премиерот за “болни “ промени препознаа корелација со промена во политиките за пораст на платите. Стабилизацијата на ценовниот притисок значи и промена на владините политики и навики за трошење, велат економистите.

Проекцијата од 2,7% инфлација за годинава станува се понеостварлива. Според последните податоци од Заводот за статистика во јуни годинава во споредба со истиот месец лани инфлацијата е зголемена за 4,8% а цените на мало се зголемиле за дури 5,3%. Премиерот Мицкоски најави “непопуларни “ мерки за намалување на ценовниот притисок на долг рок.

Годинава повисока инфлација од проектираното ниво од 2,7%?

На годишна основа, во јуни во споредба со истиот месец лани, трошоците на живот за храна се зголемени за дури 6,8%, за мебел, покуќнина и одржување на домаќинство порастот е за 5,1%, за транспорт за 4,6% …

Од почетокот од годинава јуни не е единствен месец кога е измерена повисока стапка на инфлација од 3%. Според дел од економистите, владината прогноза за инфлација на ниво од 2,7% за годинава станува се понереална.

“Прогнозираната инфлација од 2,7% за годинава е сè повеќе нереална, токму затоа што државата се потпира на оптимистички сценарија наместо на реални структурни пресметки. Решението е во дисциплина и предвидливост: долгорочна стратегија која ќе ја намали несигурноста за бизнисите и граѓаните, наместо краткорочни популистички мерки. Само така инфлацијата може да се стабилизира на ниво што ќе овозможи одржлив економски раст“, вели за Порталб професорот, економист Абил Бауш.

Граѓаните се повеќе го чувствуваат ценовниот притисок – иако завршува сезоната на летното овошје и зеленчук, во продавниците цените се одржуваат на високо ниво, па така на пример лубеницата се продава и по 28 денари за килограм а праските и до 190 денари.

Од владата најава за “непопуларни“ мерки за стабилизирање на инфлацијата

Изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека е подготвен да спроведе “болни“ мерки за стабилизација на инфлација на долг рок предизвика внимание во јавноста. Мицкоски оцени дека решението не е во замрзнување и ограничување на цени и на маржи.

“Свесни сме дека можеби ќе има политичка цена, но подобро на краток рок да ја платиме таа политичка цена, отколку граѓаните да ја платат на долг рок“ – изјави премиерот.

Според економистите, инфлацијата не се „зауздува„ со административни мерки. Дел од аналитичарите во најавата на премиерот за “болни “ промени препознаа корелација со промена во политиките за пораст на платите. Стабилизацијата на ценовниот притисок значи и промена на владините политики и навики за трошење, велат економистите.

“Стабилизацијата на инфлацијата не се постигнува со административни мерки, туку со комбинација од макроекономска дисциплина и структурни реформи. Прво, потребна е построга буџетска политика ограничување на тековните трошоци и насочување на јавните пари кон капитални инвестиции што ќе ја зголемат продуктивноста. Второ, монетарната политика треба да остане внимателна, со контрола врз кредитната експанзија и стабилен девизен курс. Трето, потребни се мерки за поддршка на домашното производство и енергетската стабилност, затоа што увозната зависност ја прави инфлацијата уште поранлива“ – вели професорот Бауш.

Растечката инфлација ја потврдија и од НБМ.

“Растот на цените произлегува од базичната инфлација и прехранбената компонента, коишто во најголем дел придонесуваат за забрзување на растот на цените“ – соопштија од Народната Банка.

Од страна на меѓународните финансиски институции беше посочувано дека порастот на платите но и на пензиите врши притисок врз инфлацијата. Како ќе заврши ценовната 2024 та допрва ќе видиме.

“Инфлацијата не се победува со популизам, туку со дисциплина и структурни реформи“ – вака професорот Бауш го завршува одговорот на нашето прашање , како да ја стабилизираме или зауздиме инфлацијата.

Текстот е сопственост на ПОРТААЛБ.мк

анализа инфлација популизам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.