Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Посилна Европска Унија за поголема глобална и трансатлантска безбедност, заклучија лидерите на ЕУ 

0
By Zoran Ivanov on March 20, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 20, 2025 23:03

Посилна и поспособна Европска Унија во областа на безбедноста и одбраната, комплементарна со НАТО, позитивно ќе придонесе за поголема глобална и трансатлантска безбедност, се наведува во заклучоците од денешниот Самит на ЕУ посветени на европската одбрана и безбедност.

– Европскиот совет повикува на забрзување на активностите за решително зголемување на одбранбената подготвеност на Европа во следните пет години, посочуваат европските лидери во заклучоците.

Тие апелираат до Европскиот парламент и Советот на ЕУ да продолжат со работата за усвојување на неодамнешните предлози на Комисијата за зајакнување на европската одбрана и за обезбедување релевантните опции за одбранбено финансирање.

Според европските лидери, ваквите заложби не се во спротивност со специфичниот карактер на безбедносната и одбранбената политика на одредени земји на ЕУ и ги зема предвид безбедносните и одбранбените интереси на сите членки, во согласност со договорите.

Во делот на миграцијата, Европскиот совет охрабрува спроведувањето на усвоеното законодавство на ЕУ за миграција и азил, спречување на илегалната миграција, олеснување и забрзување на процедурите за враќање на илегалните мигранти, зајакнување на борбата против инструментализацијата на мигрантите и трговијата и шверцот со луѓе и усогласување на визната политика во соседните земји.

– Европскиот совет потсетува на решеноста на ЕУ да ја зајакне безбедноста на нејзините надворешни граници и да обезбеди нивна ефикасна контрола, во согласност со европското и меѓународното право, се додава во заклучоците од денешниот Самит на Европската Унија.

 

Вложувања ЕУ одбрана
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.