Колапс на електрониката во авионот најверојатно е причината за уривањето на авионот ЛаМиа во централна Колумбија, во која загинаа 71 лице, а шестмина ја преживејаа несреќата.
Американската телевизиска мрежа Си Ен Ен објави делови од аудио материјалот во црите кутии во кој пилотот ја информира контролата дека „целиот електронски систем на авионот не функционира и авионот е без гориво“.
Во хаотичната конверзација, пилотот пред падот на авионот бара да слета поради целосно откажување на електорниката. Контролорката на летање му дава инструкции додека авионот ја губи и висината и брзината на околу 8 милји од аеродромот во Меделин.
Овој разговор според истражителите кои работат на откривање на причините за уривање на авионот во кој беше цел тим на бразилскиот фудбалски клув Шапикоенсе, ги поткрепуваат нивните сомневања дека пилотот намерно кружел и го испутштил горивото за да не биде предизвикана експлозија.
Авионот леташе на релација Санта Круз Боливија до Меделин Колумбија, каде бразилскиот клуб требало да игра финални напревари.
Во авионот имало 77 патници и членови на екипажот, а од шестмината преживеани, тројца се фудбалери, еден е спортски новинар и двајца се членови на екипажот.
Ројтерс објави дека авионот е во сопственост на бивш левичарски венецуелски политичар и бизнисмен, додека операторот е мала боливиска компанија Ламиа, специјализирана за превоз на фудбалски екипи. Од трите авиони што ги поседува оваа компанија, овој бил единствениот што бил во функција.






