Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Последното пламенче

0
By Zoran Ivanov on December 16, 2025 УДАРНО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 16, 2025 13:16

Бошко Нацевски: Не ги повредувајте, не ги нарекувајте со погрдности оние што на аеродромите и автобуските станици чекаат во ред за да заминат од земјава некаде во невратот, како аргати, како печалбари. Тие патишта ни се познати. Вековно ни го исцртуваат непреболот и ни ги натопуваат шамивчињата везени за бовчалук, со солзно солило, што потоа не разјадува се до задниот миг, додека се диши.

Од дивоста на песовите на минатовековните војни се изведоа три Македонии. Денес на планетарната мапа исцртавме уште три други, од кои две преку големите води, а една во скутот на старата европска дама.

Тие што денес заминуваат од Татковината, не дезерираат, не бегаат, туку нив Швабите, Макаронџиие, Црвените петли, островјаните од Кралството, во земјата на кенгурите, на Америте, со “златна виза” ги купуваат. Им требаат, зашто вредат. Го проучиле и процениле нивниот ментален капацитет. Во нивните лиценци нема графа за убијци, криминалци, насилници. Генетиката им е од регистерот на ретки човекољупци.Нивната беда е причината за заминување од родната грутка, понесувајќи ги со себе како тежок товар болката од сиромаштијата, печалот, носталгијата за Татковината и тагата. Бегаат од безизлезот што им го креираат примитивци, криминалци и сејачи на измамата и на лагата. Ние веќе како да не сме држава, туку отворена театарска сцена на која политички драмолетки вежбаат абортирани аматери, по сценарија на домашни и странки умоболци. Личните доходи на простосмртните ни се заковани на балканското дно. Со нив може да се купи само билет за преживување. Со тие цркавици во изветвените портмонеа не се одгледуваат физички здрави поколенија. Во стартот им ги уништуваме на рожбите потенцијалите на духовните вредности.

И на крајот, пред да се згасне можеби и последното пламенче на кандилото, чинам сме исправени пред дилемата, ќе се клекнува помирливо на колената, или, и по цена на живот, ќе се спасува последното вековно делче од Татковината.

Извор: Фејсбук

 

бошко нацевски став
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.