Франц Бекенбауер се јави на распит во швајцарското обвинителство по обвинувањата за корупција при изборот на Германија за домаќин на Светското фудбалско првенство во 2006 година. Во соопштението што го лиферуваа швајцарските власти се наведува дека „Бекенбауер бил кооперативен“.
Швајцарското обвинителство отвори кривичната постапка против Бекенбауер и уште три лица во септември во 2016 година. Фудбалската легенда се сомничи за перење пари и злоупотреба на довербата додека беше шеф на организацискиот одбор на кандидатурата на Германија за организацијата на мундијалот пред 11 години.