Екипите на јавното претпријатие „Улици и патишта“, по налог на Град Скопје деновиве поставија 70 заштитни столпчиња на повеќе градски сообраќајници за да се спречи непрописното паркирање на возилата по пешачките и по велосипедските патеки.

Заштитни столпчиња екипите на ЈП Улици и патишта денеска поставуваат на улицата „Јордан Мијалков“, на која во изминатите денови веќе поставија 30  столпчиња. Екипите деновиве поставија и над 40 заштитни столпчиња на булеварот „Кузман Јосифовски Питу“, булеварот „Трета македонска бригада“, на крстосницата на  булеварот „Јане Сандански“ со улицата „Фрањо Клуз“ и на улицата „Васил Ѓоргов“.

Екипите на ЈП „Улици и патишта“ ќе продолжат да поставуваат заштитни столпчиња и во наредниот период на сите сообраќајници за да се олесни движењето и да се зголеми безбедноста на пешаците и за да се спречи непрописното паркирање на возилата.