НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поставеноста на монетарната политика оценета како соодветна на макроекономските услови

0
By НОВА ТВ Balaban on August 11, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Годишните стапки на раст на депозитите и на кредитите главно се во согласност со проектираните

Движењата кај основните макроекономски параметри засега се во рамки на очекувањата, но неизвесноста и ризиците од понатамошниот тек на пандемијата предизвикана од Ковид-19 и понатаму се присутни, беше оценето на вчерашната редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка (НБ), на која беа разгледани движењата на меѓународните и на домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика.

Од НБ поставеноста на монетарната политика  ја оценуваат како соодветна на макроекономските услови и најавуваат дека и во следниот период внимателно ќе ги следат трендовите и потенцијалните ризици, заради соодветна реакција, доколку е потребно.

-На седницата беше оценето дека постојното ниво на основната каматна стапка е соодветно на тековните економски и финансиски услови, при што беше одлучено таа да остане иста, на нивото од 1,25 отсто, со што монетарната политика го задржа олабавениот карактер. Досегашното намалување на основната каматна стапка, како и позначителното намалување на понудениот износ на благајнички записи, придонесе за зголемување на ликвидноста на банкарскиот систем и поддршка на кредитните текови во економијата. На седницата беше потврдено дека вкупната ослободена ликвидност преку основниот инструмент на Народната банка од почетокот на пандемијата е соодветна, при што се одлучи на денешната аукција да се понудат благајнички записи во непроменет износ од 10 милијарди денари, соопшти НБ.

Оттаму нагласуваат дека споредбата на последните макроекономски показатели од домашната економија со нивната проектирана динамика не покажува позначителни отстапувања во одделните сегменти од економијата.

-По умереното продлабочување на годишниот пад на бруто домашниот производ во првиот квартал од 2021 година, што беше очекувано и според априлските проекции поради третиот бран на пандемијата, високофреквентните податоци за вториот квартал од годината упатуваат на закрепнување на економијата. Имено, движењата на показателите за економската активност се во согласност со очекувањата за повисока стапка на економски раст во овој период, при позитивни придвижувања на квартална основа и ниска споредбена основа од истиот период од минатата година, велат од НБ.

Во однос на инфлациските движења, истакнуваат дека годишните промени кај потрошувачките цени во периодот јануари ‒ јули, во просек од 2,5 отсто, се малку над очекувањата според априлскиот циклус проекции. Во однос на очекуваните движења на увозните цени, пак, последните ревизии се во нагорна насока. Неизвесноста во движењето на светските цени на примарните производи во следниот период и натаму е нагласена, согласно со неизвесните економски ефекти поврзани со пандемијата и изгледите за справување со неа.

-Девизните резерви и понатаму се на соодветно ниво и се одржуваат во сигурната зона. Според последните расположливи податоци, промената на девизните резерви во јули 2021 година е под влијание на трансакциите за сметка на државата, при истовремено поволни движења на девизниот пазар, кои придонесоа за солиден откуп на девизи од страна на Народната банка. На збирна основа, промените кај девизните резерви од почетокот на годината засега соодветствуваат со априлските проекции. Во вториот квартал од 2021 година трговскиот дефицит е повисок од очекуваниот за вториот квартал од годината, пред сè како резултат на повисокиот раст на увозот во однос на растот кај извозната компонента. Од друга страна, расположливите податоци за менувачкото работење упатуваат на можност за остварување нешто повисоки нето-приливи од приватните трансфери од очекуваните за третиот квартал од 2021 година, прецизираат од НБ.

Во рамки на монетарниот сектор, посочуваат, движењата и натаму се солидни, а според првичните податоци за јули 2021 година, годишните стапки на раст на депозитите и на кредитите главно се во согласност со проектираните.

-Поставеноста на монетарната политика овозможи ликвидноста на банкарскиот систем во периодот помеѓу двете седници на Комитетот да се задржи на релативно солидно и стабилно ниво. На девизниот пазар продолжија поволните движења, при што сезонскиот откуп на девизи на банките од менувачниците го достигна преткризното ниво од јули 2019 година, а понудата на девизи од физичките лица достигна највисока месечна вредност. Овие пазарни движења, придружени со солидната девизна ликвидност на банките, во јули придонесоа за зголемување на понудата на девизи во економијата и следствено, за интервенции на Народната банка за повлекување вишокот девизна ликвидност од банкарскиот систем. Притоа, Народната банка откупи 48 милиони евра во јули, што е во склад со месечните интервенции за овој месец од годината пред отпочнувањето на здравствената криза. Поволните движења на девизниот пазар продолжуваат и во почетокот на август, видливи преку натамошно зголемената понуда на девизи од приватниот сектор, поради што Народната банка интервенираше со откуп на дополнителни 25 милиони евра, информираат од НБ.

Во јули, истакнуваат, на меѓународните финансиски пазари беа забележани променливи движења под влијание на солидните квартални финансиски резултати на глобалните компании од една страна, и од загриженоста на инвеститорите за последиците предизвикани од новата варијанта на вирусот ковид-19, од друга страна.

-Во такви услови, преовладуваа согледувањата за побавно економско закрепнување на глобално ниво и зголемена склоност за вложување во најбезбедните инструменти, што услови значително зголемување на цените на државните обврзници во еврозоната и во САД (односно пад на нивните приноси), потенцираат од Народна банка.

монетарната политика Народната банка седница
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.