Градот Скопје соопшти дека поради изведување градежни работи, односно реконструкција на улицата којашто минува под ГТЦ, привремено нема да се користи постојката на автобусот бр.50 што неодамна, по повеќе години, е вратена во функција.

Од Градот информираат дека по завршувањето на оваа реконструкција автобусите повторно ќе застануваат  на автобуската постојка во подрумот на ГТЦ.