Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поткуп одложен: Судот ќе ги користи снимките од Јутјуб како доказ

0
By Нова ТВ on September 27, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Судењето за случајот Поткуп е одложено поради отсуство на судијката. Премиерот Зоран Заев, како обвинет во овој случај, се појави во судница, но беше известен дека судијката Јана Груевска Илиевска е на боледување и судењето се одложува за 20 ноември.

Судот воедно го одби барањето на одбраната снимките кои се доказ во постапката, а кои беа објавени на Јутјуб да не се користат во предметот.

Решението дека овие снимки ќе бидат доказ во постапката им беше врачено на обвинетиот Заев и на неговите адвокати. Адвокатот Филип Медарски најави жалба на ова решение.

Заев изјави дека тој и неговата одбрана размислувале дали да ја објават целосната снимка од разговорот со бизнисменот за да се дознае целата содржина или да бараат нејзино изземање како доказ, по што одлучиле да ја искористат втората можност. Обвинителството треба да утврди и како снимката завршила на интернет.

„Би го објавил целосно (снимениот материјал) за да се дознае вистината за мене. Значи, само ако се слушне целата снимка, веднаш ќе се знае дека тоа е монтирано и направено толку грдо да изгледа. Ако целосната снимка не го реши судскиот процес, барем ќе го обели мојот образ“, изјави Заев.

Тој потенцираше дека снимките кои беа објавени на ЈуТјуб се резултат на незаконско следење.

„Тоа се мерки од незаконско следење и верувам дека ваквите мерки навистина треба да не се користат во постапката…тука сме на сите рочишта и до крај ќе опстоиме за да ја добиеме правдата“, изјави Премиерот.

Заев е обвинет дека како градоначалник на Струмица побарал поткуп од струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев, во вредност од 160 илјади евра за градежно земјиште во Струмица

Заев Јутјуб одложено поткуп прифатени ПИМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.