Два договори за обновливи избори на енергија вредни 50 милиони евра потпишаа денеска на Министерскиот состанок за Западен Балкан на кој беше оценето дека се потребни реформи во енергетскиот сектор, како и правно и физичко поврзување на државите.
По сесиите на Министерскиот состанок на земјите од Западен Балкан, договорите за финансиите ги потпишаа претставници на Европската комисија и на Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка и Банкарскиот концерн КFW.
„Предвидените финансии треба значително да му помогнат на јавниот и приватниот енергетски сектор во шесте држави и да придонесат за заштеда на енергија и намалување на емисиите на штетни гасови, оцени еврокомесарот Јоханес Хан на прес-конференцијата по потпишувањето на договорите во македонското МНР.