Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Потпишан протоколот за взаемно признавање на овластен економски оператор со Република Србија

0
By Mirjana on December 3, 2021 ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 3, 2021 14:59

Денес, на граничниот премин Прешево, директорите на Царинските управи на Република Северна Македонија, г-ѓа Славица Кутиров и Република Србија г. Бранко Радујко, потпишаа Протокол за взаемно признавање на одобрениjата за Овластен економски оператор (ОЕО).

Потпишувањето на протоколот произлезе од заклучоците на министерскиот состанок кој во рамките на иницијативата Отворен Балкан се одржа на 13-14 ноември во Ниш.

Со потпишувањето на овој Протокол, Царинските управи на двете држави се обврзаа меѓусебно да го признаат процесот на валидација на одобренијата за Овластен економски оператор (ОЕС), спроведен во рамките на ЦЕФТА, процес кој започна во мај 2019 година, а заврши во јануари оваа година.

Со ова Република Северна Македонија и Република Србија станаа првите земји во регионот на Западен Балкан, што меѓусебно ќе започнат со оперативна примена на процедурите и придобивките со кои се стекнаа имателите на одобренијата за ОЕО.

Со овој Протокол опфатени се 34 компании од Република Србија и 21 компанија од Република Северна Македонија. Истите во текот на декември како пилот, а од јануари 2022 и официјално ќе можат да ги применат поволностите при спроведување на царинските постапки во двете држави, врз основа на исти правила и критериуми, односно ќе имаат можност за:

  • Намалени физички и документарни контроли при спроведување на царинските постапки,
  • Известување за контрола во случај кога пратката е селектирана за физичка контрола,
  • Приоритет при спроведување на физичките и документарни контролите во случај кога се селектирани за контрола,
  • Можност за избор на место за спроведување на контрола, надвор од местото на царинскиот орган
  • Приоритет при преминување на граничните премини

Овој Протокол за взаемно признавање на ОЕО, треба да придонесе за полесно движење на стоките помеѓу двете држави и намалување на трошоците за извоз и увоз на имателите на овие одобренија.

На средбата се дискутираше и за другите области од заеднички инетрес, а кои активности произлегоа во рамки на иницијативата Отворен Балкан и се во тек.

ЗА ОВЛАСТЕН ЕКОНОМСКИ ОПЕРАТОР МАКЕДОНИЈА И СРБИЈА Протокол
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.