Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Потпишани договори: Околу 350 деца Роми бесплатно ќе бидат згрижени во градинки

0
By Marija Todorovska on November 12, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Околу 350 деца Роми, на возраст од три до шест години, ќе престојуваат бесплатно во јавните градинки во 21 општина во државава.  Во рамки на проектот „Инклузија на децата Роми во јавните општински установи – детски градинки“, денеска беа потпишани договори за соработка меѓу Министерството за социјална политика, демографија и млади, општините и градинките на нивна територија каде што ќе бидат згрижени децата од таа етничка заедница.

Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани рече дека инклузијата на деца Роми во градинките ќе биде овозможена со блок-дотации кои на општините ќе им ги обезбеди Министерството.

-Преку оваа соработка, сите заедно придонесуваме за вклучување на што поголем број на деца Роми во предучилишниот воспитно-образовен процес. Треба да продолжиме да вложуваме во образованието на децата Роми од што придобивка има целото наше општество, изјави Лимани.

Проектот го поздравија неколку градоначалници што присуствуваа на настанот. Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, изјави дека проектот на инклузија на деца Роми во нивната општина се спроведува во градинката „25 Мај“. Како што рече, опфатени се 20 деца кои се ослободени од партиципација за згрижување во градинките.

-Сакам да потенцирам дека секое дете е важно и наша обврска е да овозможиме услови и можност за тоа да се едуцира и надградува. Со овој проект ја зголемуваме инклузијата на деца Роми во детските градинки за да можат потоа полесно да го продолжат својот образовен процес, рече Стефковски.

Во однос на местата за прием на деца со кои располагаат градинките во Гази Баба, посочи дека недостигот на капацитети е генерален проблем во државата. Но, очекува дека „ќе се затвори целата потреба на деца коишто во овој период се на листа на чекање“ со реализација на проектите што ги има Општината за четири нови градинки – во Трубарево, Инџиково, Синѓелиќ и во населено место помеѓу Маџари и Ќерамидница.

Градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, изјави дека во нивната општина 30 деца се на листа што ќе ја користат оваа услуга, при што нагласи дека како најголема ромска општина во земјава го поддржуваат овој проект бидејќи, рече, неопходно е да се поддржат децата од социјално ранливи категории.

Очекува догодина да биде отворен втор дел од новата градинка изградена во 2020, кој ќе има капацитет за уште 160 деца, со што установата ќе може да опслужува вкупно 310 деца.

-Во моментов имаме 150 деца кои се во градинка и уште 150 се на листа на чекање, со тоа што откога ќе го отвориме вториот дел од градинката, мислам дека ќе имаме комплетно решение за сите деца во нашата општина, додаде Дудуш.

На новинарско прашање зошто новоизградената градинка во Арачиново се уште не е во функција, министерот Лимани одговори дека се чекаат одобренија за вработувања за кои Општината испратила барање до Министерството за социјална политика, демографија и млади.

-Ние доставивме до Министерството за финансии, чекаме одговор од нив, истото го враќаме кај општините и тоа е целиот процес пред отворање на нова градинка. Значи, не може ни без нови вработувања, ни без деца да се отвори ни градинка, ни школо, ни друга институција, рече Лимани.

Мабера Камбери од Министерството за социјална политика, демографија и млади информираше дека инклузијата на Роми во предучилишното образование е почната уште со проект  во 2006 година во партнерство со Ромскиот едукативен фонд.

-Од 2006 до сега сме вклучиле околу 5500 деца на возраст две години пред почеток во основното образование.  Овој проект придонесе да имаме поголем број на деца Роми во основното училиште, во средното и на факултет, со што Република Северна Македонија предничи од сите држави во соседството. Имаме околу 250 студенти Роми на универзитетите, а останатите држави не можат да го постигнат ни бројот 50. Овој проект навистина придонесе да имаме толкав број, истакна Камбери.

Децата Роми во градинките имаат документи, посочи таа, а во однос на неевидентираните во Матична книга на родени, рече дека неевидентираните лица се ставени во посебна електронска евиденција за полесно да им се обезбедат документи.

-Преминавме минатата година со измени во Законот за матична евиденција и од 450 лица, само за уште 120 лица треба да се направи проверка да не се државјани на други држави за да им се обезбедат документи.  Што е најбитно, согласно тие измени, во член 4, сите новородени дечиња, без разлика дали мајките поседуваат македонско државјанство, од Управата за водење матични книги се должни да ги запишат во редовната Матична книга на родени, додаде Камбери.

градинка деца Договор општини Роми
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.