Од волонтерите кои работат во поплавените подрачја НОВА доби аматерско видео со потресно сведочење на една жена која во поплавата загубила блиски лица и која е оставена без помош од надлежните институции.

Како што НОВА веќе објави, на самиот крај од Стајковци веднаш до обиколницата се последните улички каде жителите се молат да не бидат заборавени од надлежните бидејќи очигледно помошта тешко доаѓа до секој од постраданите домови.