Оливер Андонов: Добар ден драги ботови и корисни идиоти.
Денешното прашање за вас на еден ден по одбележувањето на 25 годининод Охридскиот рамковен договор е:
“Каков е вашиот коментар на двостраното одбележување на 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор”?
Нели сме една држава – унитарна Македонија.
Потпрашања:
1.На кого, на кој македонски граѓани им се обрати Мицкоски преку пост и на кого му се обрати Николоски на приватната забава финансирана од наши пари, заедно со некој други лица под смешни маски?
2.Дали промовираме добри и лоши Албанци во Македонија?
3.Дали одбележувањето на годишнини од Охридскиот рамковен договор е дел од државната програма за одбележување на значајни датуми и настани финансирана од буџетот на Републиката?
4.На кој начин во одбележувањето на годишнината од Охридскиот рамковен договор се вклучени сите учесници во вооружените дејства во 2001 година?
5.На кој начин се споменати луѓето кои настрадаа таа 2001 година, бидејќи за нив и нивните семејства тие загуби (човечки, психички и материјални) беа дел од војна а не недефиниран конфликт?
6.Дали Стојанче (експерт за хибридни закани) има нешто да им каже и порача на бранителите, на семејствата (сите семејства од двете страни) на жртвите во 2001 година?
Повелете драги ботови и корисни идиоти вие сте на ред.
Само ве молам внимателно прочитајте и бидете прецизни во одговорите.
Извор: Фејсбукј



