Волонтерите од ФБ-групата за помош на настраданите во поплавите во Скопје, јавно ги повикуваат сите македонски писатели и издавачи да се вклучат во активностите, со повик И ПЕРОТО СПАСУВА ЖИВОТ.

Се повикуваат, од утре, со почеток во 10 часот, да донесат дел од тиражите на своите книги, на одделен дел од пунктот во „Сити Мол“ и континуирано, кога се во можност, писателите и лично да се присутни за да ги потпишуваат книгите на заинтересираните граѓани.

Идејата е да се врши слободна продажба на книги од страна на самите писатели, а веднаш, со собраните средства да се купува она што од теренот на загрозените подрачја се јавува дека е потребно.