Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Повик за хуманитарна помош – пункт за донации за Украина на плоштадот Македонија во Скопје

0
By Biljana on March 15, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: НоваТВ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 15, 2022 14:16

Кутии со храна, облека и лекови – ваква помош македонските граѓани најчесто донираат за помош на украинското население.

Претпладнево го посетивме новоотворениот пункт на плоштадот Македонија, бел шатор со написи „Хуманитарна помош за Украина“ каде разговаравме со двајца претставници од Здружението на Украинците во Република Северна Македонија „Лејса Украинка“. Во меѓувреме, случајни минувачи застануваа да прашаат што е потребно за помош на украинското население.

Од Здружението се заблагодарија на хуманоста на граѓаните и ги повикаа да донираат кој колку може.

„Да им помогнеме на нашите браќа во Украина. Милиони Украинци останаа заглавени во воениот конфликт, засолнети во скривници, во метро станици. Секоја помош е добредојдена“, велат од „Лесја Украинка“ и додаваат дека донацијата која секојдневно се собира на плоштадот Македонија, на крајот од денот се носи во главниот магацин во населбата Ѓорче Петров, каде исто така има пункт за донации.

На самиот пункт е поставена листа со сите потребни намирници.

Фото: НоваТВ

Покрај облека и обувки, машки женски и детски како и термо долна облека, се бараат и ќебиња, јоргани, постелнини и свеќи.

Најголема потреба во моментов има за храна се освен растително потекло) и вода и тоа масло, шеќер, брашно, конзервиран грашок и пченка, житарици и гриз, ориз, грашок, тестеници, квасец, колачиња, маргарин за печење, бонбони, вафли, паста од домати, кечап, џем, какао, кафе, чај и конзервирана храна. Потребни се и садови за јадење и пластични садови за една употреба

Во списокот се наведени и шатори, душеци, вреќи за спиење, светилки, батерии и акумулатори. Средства за лична хигиена, женски влошки и детски пелени.

Покрај ова, на граѓаните кои се засолнети од воениот конфликт им се потребни и детергенти, како средство за дезинфекција, средство за миење садови, течен сапун, паста и четки за заби, тоалетна хартија, крем и сечила за бричење и кеси за отпад.

Од Здружението „Лејса Украинка“ апелираат до хуманите граѓани и компании да донираат генератори, инвалидски колички за деца и возрасни, болнички кревети, биотоалети, кревети на расклопување. Потребна е и војничка опрема, тактички ранци и суви војнички оброци, мобилни телефони, лаптопи, токи-воки и радиостаници.

Се бараат и лекови и медицински производи, кои мора да бидат запакувани во кутија за прва помош и тоа, завој, фластер, медицински ракавици, парацетамол од 500мг и други медицински средства.

Покрај горе наведеното, хуманите граѓани може да донираат и парични средства кои ќе се искористат за набавка на потребните намирници и продукти, велат од Здружението.

Пунктот на Плоштадот Македонија е отворен секој работен ден од 8 до 20 часот.

Сите информации околу испраќањето хуманитарна помош за Украина, граѓаните можат да ги добијат на бројот 071 755 818.

(Б.Б.)

ПОМОШ ЗА УКРАИНА пункт за донации
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.