Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Повторно активен шумскиот пожар над Кочани

0
By НОВА ТВ on July 29, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ветерот и сувата вегетација помогнаа попладнево повторно да се активира шумскиот пожар на падините на Осоговските Планини над Кочани, што рано изутрината беше ставен под контрола. Огнената стихија брзо се шири и стигна до Фабриката за вода за пиење и до куќите во нејзина близина и ја загрозува безбедноста на неколку населби во североисточниот дел на градот.

Пожарот е под контрола, нема опасност за домовите, но не е локализиран, вели директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов. Во гаснењето се прклучени околу 400 луѓе, а покрај пожарникарите од Кочани, Виница, Штип и Македонска Каменица, помагаат и луѓе вработени во локалните самоуправи обучени за интервенции во вакви ситуации. Во гаснењето се вклучени и два хеликоптери на АРМ.

Од Територијалната противпожарна единица во Кочани информираа дека проблем е што огнот е раширен на околу десетина километри. Интервенцијата е отежната и поради стрмниот терен до кој не може да се пристапи со противпожарните возила.

Општината Кочани апелираше до граѓаните за воздржување од зголемена и непотребна потрошувачка на водата за пиење.

– Дел од препумпните станици и Фабриката за вода се наоѓаат во зоната на пожарот, па како превентивна мерка е исклучена електричната енергија и пумпите подолг период не работат, поради што може да дојде до прекин во водоснабдувањето. Рационалното користење на водата од Градскиот водовод е неопходно и заради полнењето на противпожарните возила кои интеревенираат во гаснењето на огнот, информираа од Општина Кочани.
Кочани пожар шума
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.