Пожар вчера вечер се случил на Средно Водно.

На 23.06.2022 околу 17.47 часот во СВР Скопје, вработен во фирма од Куманово, пријавил дека на Средно Водно, каде што фирмата извршувала градежни работи околу гасоводот, забележал дека настанал пожар на една работна машина, сопственост на фирмата.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил локализиран, а повредени лице нема, соопшти МВР.

Увид извршила екипа од СВР Скопје.