Две лица се повредени во пожарот што ја зафати Трамп кулата во Њујорк утрово.
Ниту еден од семејството Трамп не бил во зградата во моментот кога избил пожарот, што пожарникарите бргу успеале да го стават под контрола.
Над 70 пожарникари одговориле на повикот, што е стандардна процедура во случај на пожар на покрив на висока зграда. Се верува дека тој бил предизвикан од електрична инсталација, при што се повредени еден пожарникар и еден цивил.
Доналд Трамп, исто така има свој апартман во зградата, но тој се наоѓал во Белата куќа за време за пожарот.