Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пожари во кумановско: Гори во Челопек, активни жаришта кај Липац

0
By Sashko on August 4, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пожарникарски екипи денеска имаа две интервенции во Челопек, во Општина Старо Нагоричане, информираат надлежните од РЦУК Куманово и од противпожарната единица на Старо Нагоричане. Оттаму велат дека првиот пожар бил регистриран од 11 часот, па сè до 12:30 часот, а гореле поранешни бараки. Вториот пожар пак бил регистриран во 15:20 часот и траел сè до 19 часот, при што изгорела и куќа, објект, добиток и стрништа.

– Таму сè уште има дежурни екипи, пожарот е локализиран, изјави командирот на противпожарната единица, Далибор Трајковски.

Во Дренак, на потегот кон Дренак – Жељувино, сè уште е активен пожарот кој е на поголема височина на непристапен терен и го гасат пожарникари, припадници на МВР, шумско стопанство. Таму гори нискостеблеста шума.
– Пожарот во моментот е под контрола, но извесно време екипите ќе останат на терен, бидејќи состојбата се менува од час во час, вели  Трајковски.
Екипи од територијалната противпожарна единица интервенираат на три жаришта во кумановско, информира командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.

– Пожар има над Довезенце, на еден повисок дел, таму е наша екипа, имаме активно жариште на потегот Горно Јачинце – Довезенце и на локацијата Мургаш кон Горно Јачинце, каде се работи на догасување, изјави Илиевски.

По објавите во некои медиуми за жртва во Старо Нагоричане МИА побара одговор од МВР од каде велат дека постапуваат по пријава во Челопек, Старо Нагоричане.

Куманово Македонија пожари Старо Нагоричане Челопек
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.