Според последните информации, авионите кои го гаселе пожарот имале три прелети на поголем дел од опожарената територија.

-Информациите од терен велат дека тој е локализиран и нема опасност да зафати дрвна маса. Нови интервениции со авиони би имало рано наутро, доколку има потреба. Спуштањето на ноќта е пречка за авионска интервенција – објавува „Тера“.

Пожарот кој избувна попладнево имаше зафатено дел од планината на околу 1800 метри надморска височина. Во главно, зафатена беше нискостеблеста шума и трева.