Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гори на Пелистер, Националниот парк бара авиони за гаснење

1
By Нова ТВ on September 18, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 18, 2017 17:33

Попладнево пожар избувна во Националниот парк Пелистер. Телевизија Тера од Битола повикувајќи се на  информациите од терен објави дека гори под местото Козји камен во правец на селото Арвати. Тоа е од страната Маловишта.

Бидејќи се работи за непристапен терен, од Националниот парк побарале од Дирекцијата за заштита и спасување да испратат авиони за гаснење.

Последните информации до кои дојде ТВ Орбис велат дека пристигнати се три авиони кои веќе започнаа со гасење на пожарот на Пелистер.

Од информациите од терен дознаваме дека ветерот прави проблеми во гасењето на пожарот.

Од Центарот за управување со кризи потврдуваат дека активен пожар има во Националниот парк „Пелистер“, кај место викано „Изворите“ на река Шемница над село Маловишта.

Гори трева и нискостеблести растенија, но има опасност пожарот да се прошири во букова шума.

Известени се ЕЛС Битола, ДЗС Битола, НП Пелистер Битола, ТППЕ Битола, МЗШВ Битола и СВР Битола. На терен се излезени екипи од НП Пелистер, ТППЕ Битола и од ДЗС Битола, велат од ЦУК.

На социјалните мрежи битолчани и жители на околните места објавуваат фотографии на кои се гледа како се издига чад од планината.

Активен пожар има во местото викано „Кравица“ на планината Ниџе. Гори борова шума во доста непристапен предел. Известени се МШ „Кајмакчалан“- Битола, ЕЛС Новаци, МЗШВ Битола и ДЗС Битола, вака соопштуваат од Центарот за управување со кризи.

Пелистер пожар ЦУК
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.