Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пожарот во Тетово – втора трагедија за семејството Зулбеари

1
By Нова ТВ on January 25, 2018 ПОЛИТИКА
Фото Макфакс
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 25, 2018 13:17

Се уште не се знае причината за пожарот кој избувнал изутрината пред 5 часот во домот на семејството Зулбеари, во кој настрадаа  Фатиме Зулбеари (39) и нејзините четири деца на возраст од 6, 9, 12 и 14 години  во тетовската населба Певчина. Постојат сомнежи дека настанал или од печката на дрва на која што се затоплувале или пак од неисправна инсталација.

Пожарот избил на вториот кат од куќата, каде спиеле мајката и нејзините четири деца. Како што пишуваат медиумите, нивниот татко вечерта не бил дома, затоа што работел ноќна смена како чувар.

Во куќата биле свекорот и свекрвата, 66-годишната баба и 77-годишниот дедо на семејството Зулбеари, кои спиеле во приземјето на куќата во моментот напожарот. Тие успеале да излезат неповредени навреме од куќата.

– Во 3 часот и 30 минути почувствувавме дека има пожар, имаше чад. Мислев дека и мојата куќа е зафатена, ама за среќа немаме последици. Комшијата Муса е чувар, бил на работа, а како што разбрав, жена му Фатиме и децата спиеле на горниот кат. Долу во приземјето, спиеја Суљо таткото на Муса и мајката, свекорот и свекрвата на Фатиме. Тие се по потекло од селото Церово, ја купија куќата пред десетина години. До 7.30 се гаснеше пожарот, изјави соседот Мусли Мемеди.

При гаснењето на пожарот интервенирале 13 пожарникари, со четири возила за да го гаснат пожарот кој зафатил три куќи.

– Изгорената покривна конструкција беше падната над тела кои ги видовме, над жртвите за кои не знам колку се и како се починати. На самото место се увиде дека има три куќи зафатени од пожар. Во средина е куќата со жртвите, целосна зафатена од пламени јазици. Се обидовме да го спречиме пожарот зашто се ширеше и нагоре и надоле. Куќите се „залепени“ една до друга. Оваа што изгоре беше стара куќа со стар материјал што лесно гори. Ако се проширеше, ќе беше уште поголема катастрофа. Имавме проблем за движење по тесните улици, изјави Ука Алити, командир на тетовската противпожарна единица.

Соседите раскажуваат дека ова е уште една трагедија во земејството Зулбеари. Пред пет години во сообраќајна на автопатот Тетово-Скопје загинало уште едно нивно дете тогаш на возраст од пет години.

деца мајка пожар Тетово
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 16, 2026

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

ВЕСТИ June 16, 2026

Или да се повлече целиот Предлог-закон или излегуваме на генерален штрајк, се слушнаа најави на…

Техеран: Го отворивме Ормундскиот премин – минаа првите бродови

June 16, 2026

Институт Ројтерс: За прв пат социјалните мрежи прераснаа во доминантниот извор на вести во светот

June 16, 2026

Ваташа: “Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!” – 83 години од Ваташкиот масакар

June 16, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.