Неколку недели по убиството на фудбалерот Мартин Јанушев, полицијата го откри идентитетот на убиецот. Станува збор за Ф.С, кој е во бегство и по него ќе биде распишана потерница.

Јанушев беше застрелан пред неговиот дом во населбата Аеродром. Од МВР велат дека имаат индиции каде се наоѓа убиецот и работат на негово приведување. Според министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, не станува збор за нарачано убиство.