Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Навални ќе се лекува во Берлин, состојбата стабилна, но тешка

0
By Нова ТВ on August 21, 2020 СВЕТ
Фото: latimes.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Авион за итни медицински потреби полета од Германија за Русија за транспорт на лидерот на руската опозиција Алексеј Навални, кој од вчера е хоспитализиран и се наоѓа на интензивно лекување, откако претрпе претпоставено труење. Спасувачкиот авион бил испратен од Нирнберг во 3.11 часот, јави германскиот дневен весник „Билд“.

Руските лекари проценуваат дека состојбата на рускиот блогер и лидер на опозицијата Алексеј Навални во моментот е стабилна, но тешка, соопшти синоќа Министерството за здравство од регионот Омск, додавајќи дека специјалисти од Москва денеска ќе отпатуваат во Омск на продолжена консултација.

„Лекарите ја оценуваат неговата состојба во моментот како стабилна, но тешка“, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Според Министерството, се одржале телемедицински консултации со водечките федерални центри.

„Договорени се тактики на лекување и испитување“, се додава во соопштението, пренесено од руските медиуми.

Заменик директорот на болницата во Омск, во која Навални се наоѓа, Анатолиј Калиниченко одби да шпекулира со можната причина за болеста, изјавувајќи дека во моментот се спроведуваат истражувања, без наведување на дијагнозата.

„Тоа е најмногу што можам да ви кажам“, изјави Калиниченко во видеото емитувано на каналот TV Реин, близок до политичката опозиција во Русија.

Шефот на германска невладина организација соопшти дека берлинската болница „Charite“ е подготвена да го лекува Навални.

„Авионот, што се очекува да го доведе Навални од Омск до Берлин, полета со медицинска екипа“, изјави филмскиот продуцент Јака Бизил за ДПА, додавајќи дека успеале да ги добијат сите потребни одобренија за трансферот.

Навални се очекува денеска да пристигне на лекување во болницата „Charite“ во Берлин, а трошоците за летот и за лекувањето ќе бидат платени од приватни извори, додаде Бизил.

Германската канцлерка Ангела Меркел побара од Русија брзо разјаснување на околностите под кои се случило претпоставнеото труење.

Алексеј Навални Германија лекување Русија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.